Фичо ќе ни покаже одличен начин на подготовка на јунешко месо, со маринада од лук и 4 вида на бибер. Пробајте го, ќе имате гурмански ручек!

Подготовка

Чекор 1: Месото посолете го и оставете го 1 час на собна температура непокриено или 24 часа во фрижидер покриено. Солта ќе ги извади течностите од месото и ќе го стави месото во процес на зреење.

Чекор 2: Во сад измелете го целиот бибер и убаво измешајте.

Во Нутрибулетот ставете ги лукот и маслото и убаво измешајте. Со таа смеса премачкајте го месото, сол и целото месо прекријте го со биберот.

Чекор 3: Во голема тава ставете го путерот и потпржете го месото за да се затворат порите од двете страни. Месото префрлете го во тавата за печење и прелејте го со остатокот од путерот. Печете го во загреана рерна на 230 степени 15 минути. Потоа превртете го од другата страна и намалете ја рерната на 110 степени и печете уште 30 минути. Испеченото месо ставете го на чинија, прекријте го со алуминиумска фолија и оставете го да се одмори 10-15 минути.

Чекор 4: Тавата со маснотијата ставете ја на рингла на средна температура. Додадете 1 лажица брашно и мешајте додека не почне да се сепарира. Потоа додадете го бујонот и оставете да се редуцира додека не добиете густ сос.

Чекор 5: Сервирајте со морков и мајчина душичка!

СОВЕТ: Ако не можете да најдете рефус бибер, можете да приготвувате со готов мешан бибер во мелница.