Пиперките вака на малку друг начин, да смениме.
 
- Печените пиперки излупете ги, расечете одкај врвот и внимателно ги исчистете, а рачката оставете им ја.
Фил
- Ставете да се вари компирот, а додека се вари вие нарендајте го морковот, одстранете ги листовите на стеблото од целерот, излупете го и насецкајте, ставете половина од зејтинот да се пржи додека омекне. Тргнете настрана, додадете го сувиот рузмарин.
- Сварениот компир излупете, згмечете, додадете го овде морковот и остатокот од зејтинот, овкусете со зачините, измешајте ја смесата.
- Отворете ги пиперките, наполнете ги со филот и повторно затворете. Редете ги во подмачкано тавче.
- Јајцата и млекото со жица разматете ги, додајте брашното и малку сол, повторно матете да се раствори брашното, истурете ја добиената смеса врз пиперките и ставете да се пече во предходно загреана рерна околу 15 мин, но и ќе познаете кога е готово.. сами се кажуваат тие.
И тоа е тоа... и топло и ладно - секако е вкусно, може да биде прилог а за мене ова е како самостојно јадење. Кога олади перфектно се сече.. ама нема кој да го чека.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани