Долма (Полнети печени пиперки)
Додека подготвувате ајвар, неколку печени пиперки издвојте за да си направите вкусен ручек.
Во тава со загреано масло, ставаме ситно сецкан кромид и ситно сецкан морков да се запржат додека не омекнат.
Потоа го додаваме и меленото месо а по неколку минути го додаваме и оризот да се запржи заедно со сите состојки.
Зачинуваме со сол, црн бибер, сушен зачин, малку оригано, лута сушена пиперка и црвен пипер и на крај додаваме и малку сланина исечена на ситни парчиња и рендан домат.
Откако смесата е готова се полнат лупените пиперки и се затвораат со кругови компири, а коцки компири ставаме и внатре во пиперките.
Ги редиме полнетите пиперки во тава, ги залеваме со вода и ги ставаме да се печат. Кога водата ќе испари од тавата, ручекот е готов. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови