Испечати

Долма (Полнети печени пиперки)

Долма (Полнети печени пиперки)

Состојки

  • 6-7 печени црвени пиперки (лупени)
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 200 грама мелено месо
  • 300 грама ориз
  • по вкус сол, црн бибер, оригано, сушен зачин, лута сушена пиперка
  • 1 лаж. црвен пипер
  • 100 гр. сланина
  • 1 рендан домат
  • 1-2 компири
  • малку зејтин

Подготовка

Додека подготвувате ајвар, неколку печени пиперки издвојте за да си направите вкусен ручек.

Во тава со загреано масло, ставаме ситно сецкан кромид и ситно сецкан морков да се запржат додека не омекнат.

Потоа го додаваме и меленото месо а по неколку минути го додаваме и оризот да се запржи заедно со сите состојки.

Зачинуваме со сол, црн бибер, сушен зачин, малку оригано, лута сушена пиперка и црвен пипер и на крај додаваме и малку сланина исечена на ситни парчиња и рендан домат.

Откако смесата е готова се полнат лупените пиперки и се затвораат со кругови компири, а коцки компири ставаме и внатре во пиперките.

Ги редиме полнетите пиперки во тава, ги залеваме со вода и ги ставаме да се печат. Кога водата ќе испари од тавата, ручекот е готов. На здравје!