14
ное
2021
Полнети и поховани печени пиперки
Подготовка:
1. Прво измиените пиперки ги печиме. Ги ставаме во најлонска кеса. Ги лупиме, чистиме од семките и ги оставаме да се исцедат од течноста.
2. Во сад ги соединуваме урда, јајца, зачини. Секоја печена пиперка, внимателно ја отвараме, ставаме полна лажица фил и ја преклопуваме. Прво ги валкаме во брашно, па во изматено јајце, па во презла со сусам.
3. Ги пржиме на умерен оган да заруменат. Ги редиме на хартиени салфетки, па ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани