Задоволството беше мое, кога за појадок им ги направив крофниве, а многу набрзина и со сласт се испразнија тањирчињата на моите деца.

1. Водата и путерот ги ставаме на оган додека да се стопи путерот.
2. Потоа го додаваме брашното и мешаме, за смесата да се спои.
3. Ја тргаме на страна и додаваме едно по едно јајце постојано мешајќи. Значи, додаваме едно јајце, па мешаме да навлезе јајцето во тестото и така со останатите јајца.
4. На крајот откако смесата се изедначила го додаваме ренданото сирење, лукчето и зачините.
5. На хартија за печење со лажица ставаме од смесата. Можете пред да се печат да ставите рендано сирење и врз секоја крофничка.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Забелешка

Крофните во првата тава ги ставав со лажица, крофните во втората ги правев како топчиња. Првата тава ја ставив во недоволно загреана рерна, додека втората тава во загреана, при што заклучив дека се поубави ако рерната е загреана, затоа што првите ми направија крцкава коричка. И двете врсти на крофнички без разлика како се печат, се многу вкусни. Тестото е нешто налик на тесто за еклери, може слободно да ги исечете и наполните со фил по желба, ама и само така да се јадат се многу вкусни.
Во нив може да насечкате и млад кромид, магдонос или праз. При оваа подготовка немав ништо „младо и свежо“ па излегоа вака како што ви ги резентирав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани