Овие переци многу им се допаднаа на моите домашни, па ви ги препорачувам и вас особено за посни денови како што се Петровденските пости кои се во тек.

Подготовка
1. Се замесува тесто од сите состојки, се остава да стаса. Откако ќе стаса се размесува и се дели на три или четири топки.
2. Секоја топка се расукува и се сече на 4 дела. Секој дел убаво се сучи тенко, па врз него се ставаат сечкани маслинки, се витка како кифличка и се мота како перек.
3. Се става во намрсена тава, се премачкува со преливот, а може и со сусам.
4. Се оставаат да стасаат околу 15 минути или додека да се загрее рерната.
5. Се печат до поруменување, во загреана рерна на 250 степени.

Забелешка
Преливот од брашно и вода се прави густ отприлика како смеса за палачинки.
Можете да правите и ѓевречиња, јас по желба на домашните правев и таква форма.
Да не ве чуди количеството на вода употребено за замесување на тестото, толкаво е поради инстант компир пирето што се става во тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани