Переци со маслинки (посно)
Состојки
- За тесто
- 1 кг брашно
- 200 гр инстант компир пире
- 3 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 2 сув квасец
- 200 мл масло
- 900 мл млака вода
- За полнење
- 100 гр сечкани маслинки
- За прелив
- 2 лажици брашно
- Неколку лажици вода, густина за палачинки
- Сусам по вкус
Подготовка
Овие переци особено им се допаднаа на моите домашни, па ви ги препорачувам и вас особено за посни денови како што се Петровденските пости кои се во тек.
Подготовка
1.Се замесува тесто од сите состојки, се остава да стаса. Откако ќе стаса се размесува и се дели на три дела.
2. Секоја топка се расукува и се сече на 4 дела. Секој дел убаво се сука тенко, па врз него се ставаат сечкани маслинки, се витка како кифличка и се мота како перек.
3. Се става во намрсена тава, се премачкува со преливот, а може и со сусам . Се оставаат да стасаат околу 15 минути или додека да се загрее рерната.
4. Се печат до поруменување, во загреана рерна на 250 степени.
Забелешка
Преливот од брашно и вода се прави густ отприлика како смеса за палачинки. Можете да правите и ѓевречиња, јас по желба на домашните правев и таква форма.