Домашни Баварски переци
1. Квасецот се раствара во 250 мл.ладно млеко и се остава да стои 10 мин.
2. Во длабок сад брашното го просејуваме и додаваме сол и шеќер.Се заедно промешуваме,правиме дупка и го додаваме омекнатиот маргарин и малку по малку млекото со квасецот и се заедно соединуваме. Тестото малку го премесуваме и го префрламе на набрашнета работна маса и го месиме додека не стане мазно и еластично.
3. Тестото го делиме на 7 топчиња. Ги ставаме на побрашнета работна маса ги покриваме со крпа и ги оставаме така да стојат 20 мин.
4. Релната ја загреваме нз 180 Ц, а тавата ја обложуваме со хартија за печење.
5. Се зема едно топче тесто се прави сукалце долго 20 см. Ги земаме двата краја и двапати ги преплетуваме. Тестото го вртиме од обратната страна и краевите ги лепиме за тестото.(како што е на сликата подолу прикажано)
Истото го правиме со сите топчиња,ги редиме во тава и ги покриваме со крпа.
6. Го спремаме преливот* -Млекото 50 мл. го ставаме да проврие го тргаме на страна и додаваме 1 лачица сода бикарбона. Се заедно промешуваме и одма ги мачкаме переците.
7. Одозгора ставаме крупна морска сол или сусам или ким.
8 . Переците ги печеме 20 мин. (додека не добијат убава боја)
9 . Кога се готови ги оставаме да се ладат и не треба да се покриваат со крпа.
10. Переците можеме да ги направиме и во блага варијанта кога ќе ги посипеме со шеќер во прав или полиени со стопено чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
elicka probaj gi stvarno se dobri i brzo se pravat....fala ti mnogu i pozdrav do tebe :)))))