Полнети баварски гевреци
Ова беше денешниот појадок.
Прекрасни крцкави полнети баварски гевреци.
Ви ги препорачувам да ги пробате.
Од сите состојки за тесто се замесува средно меко тесто.
Убаво се изработува и се остава 30 минути да втаса.
Потоа се расукува голема кора.
На почетокот на кората се става од филот со урда и јајце и се завиткува ролатче.
Убаво со раката се стегнува.
Тоа добиено ролатче, ремен се сече на половина.
Сега неколку пати се завртува и се формира геврек.
Се редат на чист чаршав.
Така се постапува се додека не се истроши материјалот.
Се оставаат да киснат онолку време колку што е потребно да зоврие водата.
Во една касерола се ставаат сол, вода и сода бикарбона да проврие.
Од кога ќе проврие се спуштаат направените гевреци и се варат по 10 секунди.
Секој се вади на тањир, па се става во плех обложен со хартија за печење.
Додека е влажен може да се нароси со сусам или крупна сол.
Се ставаат да се печат околу 30 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
Znaci formirav po 2 gevreci.
postapkata i natamu e ista.
Ili polesno za rabota celoto testo podelete go na 2 dela, znaci ke se sukaat 2 golemi kori pa isto natamu.
Moze da se spremi i pola doza od testoto