Сладоледна торта е ова....под услов ако е многу добро оладена
 
- На хартија за печење најпрво исцртајте кругови во промер од 18 см.
- Миксирајте ги белките додека добете цврста пена, додавајте го шеќерот постепено, ванилата и оцетот се додека не добиете еднолична и цврста пена.
- Поделте ја смесата на трите кругови, малку израмнете и сушете на 140 степени околу 60мин. исклучете ја рерната и неотварајки ја оставете уште малку да се сушат.
- Извадете ги и оставете ги повторно неколку саати да се добро просушат.
- Внимателно одлепете ги од хартијата.
- Слатката павлака сматете ја до нејзината цврстина, не е потребно да се додава шеќер бидејки во спојот со корите е сосема доволно, но ако сакате додајте и 1 лажица шеќер во прав.
- Ставете ја првата кора на тацна, премачкајте со павлаката, посипете со сечкани јагоди, врз нив ставете ја втората кора, премачкајте и пак посипете со јагоди, ставетеја третата кора, премачкајте ја останатата павлака, посипете од бадемите, декорирајте.
- Оставете ја добро да се излади. За тоа време павлаката ќе ги натопи корите, ќе биде мека. Сечете и вкусете сладоледна Павлова торта.
- Велам потребно е да се излади добро бидејки и добро ќе се спојат корите и павлаката и ќе добивате предобар пресек. Ова што го гледате на сликите е само 2 часа одстојана во фрижидер што е сосема кратко време.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани