Охридско ѓомлезе
2 кг брашно ги раствораме со вода по потреба и правиме каша. Иста во густина како за палачинки.
Во кашата додаваме и сол по потреба во зависност од вкусот.
Откако ке ја измешаме кашата го палиме огнот, исклучиво со трески, а не дрва. Исто така на пирустија ја ставаме тепсијата во која ќе го правиме ѓомлезето и ја оставаме малку да се загрее. На огнот веке го топлиме едниот сач ( вршник ) кој од горе е посипан со пепел. Штом се затопли тепсијата прво ја попскуваме со масло, па ставаме една мера од кашата и ја покриваме со затоплениот сач, а веке вториот сач го ставаме на огнот да се топли за наизменично да ги користиме.
По неколку минути откако ке се потпечи првата кора, ставаме пак од кашата и попрскуваме со масло. Потоа го ставаме затоплениот сач и чекаме повторно неколку минути за да се потпечи кората и оваа постапка ја повторуваме се додека не ја потрошиме кашата, т.е додека не се наполни тепсијата.
Откако ке ја потрошиме цела каша го сечеме ѓомлезето,и повторно го покриваме со затоплен сач, ама сега на сачот и под тепсијата ставаме жар од огнот и оставаме така да зори 40-на минути.
И после тоа го јадеме во еден здив.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pogledni go i moeto, ama prespansko :))))
кога правиш сам е мачно, ама ако се прави во друштво верувајте одма се прави и не се гледа мака :)
инаку морам да ги пофалам овај пат ѓомлезето го правеа мажето мое и зетчето од сестрами, еххех
како што ти кажа, ова само ми го прераскажувале....и од зборови го заљубив, не чини вака да ми правиш. требаше само ананас да ставиш на тањир! :) :) :) :)
битолчаниве немет ни сач, ни место , ни трески, еххехе
ај за другиот пат ке те барам да го исечиш ти :P
направив доза од кило брашно, со две лажици шеќер и една сол и печев во најволшебниот <a href="http://www.delimano.com.mk/delimano_tavi/roster.html" title="ДЕЛИМАНО РОСТЕР" rel="nofollow">ДЕЛИМАНО РОСТЕР</a>. ми беа потребни окулу 3-3,5 часа, вклучувајки го печењето кое следни по сечењето. печев на температура од 250Ц и секој слој го печев по 4-5 мин. мислам дека требаше по некоја минутка плус да го печам. остана некако влажно. не предвидов дека секој нов слој, носи нова влага.
секој слој во делимано ростерот беше од две средни кутлачи. зависи од кутлачата, ама најважно е да се покрие дното.
ова го пишувам за тие што ќе спремаат во шпорет како мене :)
во секој случај, беше НЕНОРМАЛНО ДОБРО јадење.
шеќерко го нарече прасечко печење од што беше добро :) :) :) :)
еве го и злоделото. погледни го и кажи дали некаде сум ја оплескала :) :) :) :)
сигурно било превкусно :)
лили, сакаш - нејќеш, пак ќе утепаш три саати. таков е рецептот, долг, мачен и вкусен :) :) :) :)
а тоа вентилаторот не знам дали ќе заврши работа. еднаш спремав нешто, ама некако не го бендисав....ај ќе пробам следниот пат пак со вентилатор некоја кора, ако не го биѓава, ќе си терам по старо. три саати не ми бегаат никако :) :) :) :)