Во длабок сад се мешаат брашното и солта. Се додава вода потреба за да се добие смеса со густина на палачинки. Се миксира со миксер за да нема грутчиња од брашното. Кашата се остава да отстои преку ноќ.
Другиот ден се додава јајцето и јогуртот. Повторно се миксира.З аради густината по потреба се додава вода.
Решетката во електричниот шпорет се става во близина на горниот греач.Тепсијата се става да се загрее неколку минутки на 250 степени.
Потоа се вади и попрскува со масло тепсијата.
Со црпалка се турва од кашата. Кашата се попрскува со масло и се враќа тепсијата во рерна.Чекаме да запечи кората. Се вади од рерна, се нанесува слој од кашата и се попрскува со масло. Постапката се повторува додека се наполни тепсијата.Кај мене беше со пречник од 36 цм..
Откако ќе се потпече последната кора се сечи ѓомлезето и се попрскува со масло.
Решетката се става на средина и се става тепсијата за да се печи гомлезето уште околу 40 мин..Најпрво на 220 степени, а потоа на 180 степени.

Рецептов го гледав на тв,бев воодушевена, и и‘ благодарам на ресенчанката Емилија Мешуревска. ))))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови