Освежителна коктел лимонада со праски
За разладување и освежување во овие летни горештини ви го претстававувам овој освежителен коктел.
Праските ги ставаме во соковник. Во сокот ставаме шеќер и добро промешуваме за да се растопи шеќерот. Во чаша налеваме вода, водка, сок од лимон и сок од праски. Ставаме мраз и украсуваме со парчиња праска и лимон. Ова е една варијанта која јас ја практикувам.
Инаку е особено освежително и се разбира може да се пие без алкохол.
Втора варијанта, ако немате соковник, во тенџере ставете праски, исечкани на парчиња и шеќер, прелијте ги со вода и кога водата ќе зоврие, варете ги 5 минути, а може и помалку, за да омекнат. Потоа ги процедуваме, праските ги поминуваме низ цедалка, за да се отстрани месестиот и лушпест дел. Течноста ја ставаме во фрижидер да се излади. Потоа спојуваме со лимоновиот сок, водката, мразот и коктелот е спремен.
Пријатно освежување!
Лиценца: Сите права се задржани
Фаворит ми е Сангријата, дефинитивно :)))