Освежителна салата со павлака
Сигурна сум дека сите ја знаат салата од 3 состојки (кисели краставички+пченка+павлака).
Кај нас дома таа е една од омилените и често ја правиме како додаток со месо и други јадења.
На основната верзија јас и додадов кравји кашкавал, кајмак и лук во прав бидејќи многу често сакам да ја јадам за вечера со потпечени лепчиња со путер и така ми доаѓа како целосен оброк.
Што се однесува до подготовката, киселите краставички и кашкавалот треба да се исечат на мали коцки и да се измешаат со останатите состојки.
* Во оваа салата можат да се додадат и моркови на мали коцки варени 5-6 минути.
* Во потоплите денови киселите краставички ги заменувам со свежа краставица која и дава поголема свежина на салатата.
Лиценца: Сите права се задржани