
13
јул
2019
Освежителна салата со чаден кашкавал и ореви
Салатава е калорична ама е и особено вкусна, чадениот кашкавал и дава посебен шмек.
Подготовка
1. Сусамот го потпекуваме кратко и го оставаме да излади.
2. Краставицата ја лупиме и ја сечкаме на ситни коцки.
3. Кашкавалот го сечкаме на ситни коцки, како и печеницата или некоја друга салама.
4. Оревите ги мелеме, а сирењето го рендаме.
5. Исчистеното лукче го поминуваме низ преса или ситно го сечкаме.
6. Додаваме кисела павлака и мајонез и соединуваме со лажица.
Забелешка
Добро е салатава да отстои неколку часа во фрижидер пред да ја сервирате, за да се соединат вкусовите.