23
авг
2012
Ориз со туна и капари
1. Ставете го оризот да се вари во посолена вода за 10-15 минути. Внимавајте да не се превари.
2. Во меѓувреме, подгответе го сосот. На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги излупените исецкани домати. Оставете да се пржи 5 минути.
3. Додадете ги туната, капарите, босилекот, биберот и солот (по вкус). Измешајте го сосот и трнете го на страна.
4. Потоа исцедете го оризот, сервирајте го во чинија и додадете го сосот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови