Идејата за пицата дојде случајно. Имав инчуни и капари што требаше да се дотрошат, па решив да ги искористам за подготовка на пица. Убава и вкусна. Како за промена од оние кои често се спремаат, може да пробате.

Подготовка:

1. Од состојките за тесто замесете го тестото. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да стасува 2 часа.

2. На набрашнета површина со раце оформете ја пицата и префрлете ја во плех. Нанесете ја доматната салса и изронете го ориганото. Наредете ги круговите кашкавал, инчуните (претходно измиени под млаз вода и исушени). Ставете ги шери доматите, исечени на кругови и попрскајте со малку маслиново масло. Може да ги ставите и измиените капари, но јас преферирам да ги ставам после печењето.

3. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Послужете ја со ливчиња босилек .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани