Испечати

Пица со инчуни и капари

Пица со инчуни и капари

Состојки

  • Тесто
  • 200гр. брашно
  • 1/8 коцка од 25гр. свеж квасец
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/4 лажиче сол
  • по потреба млака вода
  • Дополнителни состојки
  • неколку лажици густа доматна салса
  • по потреба кругови лесно топлив кашкавал
  • 1-2 гранчиња суво оригано
  • 8 инчуни во маслиново масло
  • 10-тина капари во сол
  • 10-тина шери домати
  • малку маслиново масло
  • неколку ливчиња свеж босилек

Подготовка

Идејата за пицата дојде случајно. Имав инчуни и капари што требаше да се дотрошат, па решив да ги искористам за подготовка на пица. Убава и вкусна. Како за промена од оние кои често се спремаат, може да пробате.

Подготовка:

1. Од состојките за тесто замесете го тестото. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да стасува 2 часа.

2. На набрашнета површина со раце оформете ја пицата и префрлете ја во плех. Нанесете ја доматната салса и изронете го ориганото. Наредете ги круговите кашкавал, инчуните (претходно измиени под млаз вода и исушени). Ставете ги шери доматите, исечени на кругови и попрскајте со малку маслиново масло. Може да ги ставите и измиените капари, но јас преферирам да ги ставам после печењето.

3. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Послужете ја со ливчиња босилек .