30
јан
2018
Ориентален чизкејк во чаша
Изматете го крем сирењето со шеќерот. Посебно изматете ја слатката павлака, па потоа заедно спојте ги. Смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот додадете го таанот, а во другиот нугат кремот. Во 4 чаши ставете најпрво по 1 лажица од житарките, па наизменично од двата крема, при што во средината повторно ставате по 1 лажица житарки.Одозгора украсете со неколку житарки и бисквита.