Чизкејк
Мелената плазма, путерот, јајцето и еурокремот се мешаат со раце, се прави хомогена смеса и се става во тавче (јас користев стаклено долгнавесто).
Хоплата се мати со 2 лажици шеќер во прав додека не се зацврсти. Потоа се додава ала кајмак и се мати додека не се соедини. Оваа смеса се става врз првата.
Овошјето се вари во 1/2 литар вода (замрзнатото овошје при одмрзнување испушта вода... на тој сок се додава вода до 1/2 литар) и се додаваат 3 - 4 лажици шеќер. Се вари, кратко да проврие и се додава желатинот. Овошјето и течноста да се оладат и се прелива колачот, најнапред со парчињата овошје, па потоа и течноста рамномерно.
Ако не се олади овошјето со течноста, тоа ќе се измеша со белата смеса. Се остава на ладно да се зацврсти.
Се сече на коцки и се служи ладно.
Лиценца: Сите права се задржани