Чизкејкот е всушност древен рецепт – датира од времето пред Римското Царство, но со тек на време станува популарен низ целиот свет, а во тоа секако помогнаа Американците. Овој рецепт го правиме со основа од чоколадни бисквити и го преливаме со сладок и леплив сос од малини.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 85 грама чоколадни бисквити
  • 50 грама стопен путер
  • 300 грама крем сирење
  • 1 супена лажица обично брашно
  • 90 грама фин ситен шеќер
  • 2 капки екстракт од ванила
  • 1 јајце и една жолчка
  • 70 милилитри кисела павлака
  • малини
  • дополнителен шеќер и вода за преливот

Подготовка

Чекор 1: Убаво замотајте ги чоколадните бисквити во целофан и издробете ги со сукалка. Ова можете да го направите и во кујнски апарат, но тогаш ќе имате повеќе за чистење и дефинитивно не е толку забавно!

Чекор 2: Убаво измешајте ги дробените чоколадни бисквити и стопениот путер и потрудете се двата елемента да бидат целосно споени. Рамномерно распоредете ја смесата врз основата и ставете ја кратко време во фрижидер да се излади.

Чекор 3: А сега да го направиме делот со сирењето – полесно не може да биде! Измешајте го крем сирењето со брашното, шеќерот, екстрактот од ванила, јајцето и жолчката од јајце, и киселата павлака. Мешајте неколку минути додека смесата да стане лесна и пенеста.

Чекор 4: Сипете ја смесата врз основата од бисквити и рамномерно распоредете ја. Потоа ставете ја да се пече 30 минути во рерна загреана на 180 степени. Ако имате рерна со вентилатор, подесете ја температурата на 160 степени.

Чекор 5: Сварете ги малините во шеќер и вода и оставете ги да искрчкаат за да добиете сладок и леплив сос.

Чекор 6: Извадете го чизкејкот од рерна и оставете го да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да отстои 1 час за полесно да го извадите од тавата.

Превртете го на чинија и украсете го со сосот од малини и неколку цели свежи малини.

СОВЕТ: Ова е печен чизкејк, но има и други варијанти за кои не е потребно толку време за подготовка. Можете да ставите овошје во смесата за чизкејк пред да ја испечете или пак да експериментирате со вкусовите. За овој рецепт одлично одговараат и вкусови на цитрусово овошје како што се лимонот или зелениот лимон.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет од 5 Калапи ; Тава за пржење
http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/10/fantasia-5-kalapi.jpg Тава за пржење