Ориентален чизкејк во чаша
Состојки
- 175 гр филаделфија сирење
- 200 мл слатка павлака
- 1 лажица шеќер во прав
- 3 лажици таан со вкус на портокал
- 3 лажици нугат крем
- 8 лажици чоко попс житарки
Подготовка
Изматете го крем сирењето со шеќерот. Посебно изматете ја слатката павлака, па потоа заедно спојте ги. Смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот додадете го таанот, а во другиот нугат кремот. Во 4 чаши ставете најпрво по 1 лажица од житарките, па наизменично од двата крема, при што во средината повторно ставате по 1 лажица житарки.Одозгора украсете со неколку житарки и бисквита.