Омлет палачинка
Во длабок сад, може и шоља за ча, се матат јајцата со малку сол, се додава и неколку капки масло.
Сувомеснатото се сецка на мали коцки, а кашкавалот се сече на ливчиња.
Тавчето за палачинки се загрева, па му се тура неколку капки масло кои што се размачкуваат низ целата површина.
Кога убаво ќе се загрее се тура разматеното јајце и се пече како палачинка. Кога ќе се испече од едната страна /да фати коричка/ со долг и широк нож/може и лопатка/ и со припомош на уште една лопатка, се превртува на другата страна да се запече. Веднаш по превртувањето да се пече од другата страна, на половина од палачинката се редат неколку парчиња-ливчиња кашкавал, а од горе се става коцките сувомеснато, се зачинува по желба, па се покрива со уште неколку парчиња кашкавал.
Се преклопува на половина, да се прекрие полнењето со половина од омлет-палачинката.
Се пече уште по малку од двете страни.
Готовата полнета омлет палачинка можете да ја приготвите за доручек со павлака или со зеленчук, а може да послужи и како ладно предјадење или мезе за со убаво и весело друштвенце...