Овошни коцки
Од млекото се одземаат неколку лажици за да се разбие пудингот и шеќерот, остатокот се става на оган. Смесата се додава во зовриеното млеко и со постојано мешање се вари пудинг. Се остава на страна да олади.
Хоплата се бие. За оние што сакаат поблаг вкус на истата слободно нека додадат 2 лажици мед или 2-3 полни лажици шеќер во прав. Оладениот пудинг се бие на кратко, се додаваат 4-5 лажици хопла и се продолжува со биење се додека не се добие хомогена смеса. Останатата хопла се дели на два еднакви дела. Во едниот дел се додаваат пасираните јагоди и на кратко се бие.Се додава киселата павлака и се меша со лажица се додека убаво не се соедини.
Бисквитите се макаат во ладно млеко и се редат. Над првиот ред се додава смесата со хоплата и јагодите.
Повторно се прекрива со бисквити, па се додава пудингот. На крај последниот ред бисквити и се прекрива со преостанатата половина хопла.
Лиценца: Сите права се задржани