Еве еден новогодишен предлог на тесто кое ги исполни моите очекувања. Погача која пред се изгледа преубаво ќе ви ја збогати новогодишната или божиќната трпеза. Сакам да приготвувам убави новогодишни рецепти кои зрачат со посебна топлина меѓу нив е и оваа погача се надевам дека ќе ви се допадне...
Подготовка.
1. Започнуваме со подготовка на тестото, во сад за месење на брашното кое ни е предходно просејано му ги додаваме зејтинот,павлаката шеќерот,солта и предходно подмесениот квасец.Замесуваме со млакото млеко и вода додека не добиеме убаво мазно тесто кое треба да ни се одлепи од садот за месење.Оставаме да стаса околу еден час покриено.
2. Стасаното тесто повторно го размесуваме и го делиме на осум топчиња.Секое топче го развлекуваме со големина малку поголемо од тацна и го премачкуваме со растопен путер.Редиме една врз друга кора последното осмо топче го оставаме тоа ќе ни послужи за декорација.
3. Од тестото со оклагија развлекуваме кора со големина на погача.Кората ја расекуваме на осум дела 2-3сантиметри од средината спрема крајот,важно е корите да се добро пресечени до крај.На секоја осминка правиме кос пресек(пратете ги дополнителните слики)потоа низ тој пресек го провлекуваме левиот ќош и го префрламе на лева страна.Ова го повторуваме со сите осум осминки.
4. Откако ги формиравме сите цветови се префрламе на средишниот дел и со нож ги сечеме до крај корите.Секоја кора ја превртуваме на средина пратете ги дополнителните слики.
5. Од остатокот од тесто формираме листови и полжавчиња кои ги користиме за средината на погачата.Погачата оставете ја да стаса петнаесетина минути.
6. Со жолчката,млеко и зејтинот премачкајте ја погачата посолете со сусам и лен.Рерната ја загреваме на 200степени и печеме 25-30минути.

Забелешка.
Пред да почнете да ја формирате погачата ставете ја на хартија за печење,полесно ќе ја префрлите во тавата за печење.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани