Новогодишна лисната погача - елка
1. Во филџанче ставете го квасецот да стаса во малку млеко, 1 лажичка шеќер и 1 лажица брашно.
2. Замесете меко тесто со 2 јајца и 1 белка, шеќерот, солта, брашното, маслото и оцетот. Потоа додадете го квасецот и постепено додавајте го останатото млеко. Оставете го тестото половна час да стаса.
3. Поделете го тестото на 4 еднакви делови. Едно топче расукајте го во форма на триаголник, намачкајте го со маргарин. Тоа повторето го и со наредните топчиња, само на последното не нанасувајте маргарин. Расечете ги краевите и направете витки.
4. Оставете го повторно тестото да одмори, потоа намачкајте го со претходно измешана жолчка со 2 лажици топла вода. Ставете ја погачата да се пече на 200 степени.
5. Неколку минути пред крај, направете смеса од брашното, солта и малку вода и попрскајте го тестото. Шери доматите пресечете ги на половинки и ставете ги одозгора.
Штета што не успеав да направам повеќе фотографии од припремата.
Пријатен апетит. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови