28
јун
2014
Непечена бисквит торта
Најпрвин сварете ги пудинзите (секој пудинг со 0.5л. млеко и 3 лажици шеќер).
Во чоколадниот пудинг, додека е уште на оган ставете го темното чоколадо да се растопи.
Потоа оставете ги да се оладат.
Во оладениот чоколаден пудинг се додава половина претхоно изматен путер и пак матите за да се соединат.
Во пудингот од ванила додајте ја другата половина од претходно изматениот путер и ренданото бело чоколадо. Изматете со миксер за да се соединат смесите.
Во подлога за торта наредете бисквити кратко потопени во млеко, потоа црн фил, бисквити,бел фил.
Повторете ја постапката додека се потрошат бисквитеите и филовите.
Лиценца: Сите права се задржани