Највкусните печени свински ребра
Доколку сакате печени ребренца од кои коската после печење сама се одвојува од месото, а месото е сочно и особено вкусно, може да го искористите овој рецепт. Во потрага по најубав рецепт за печени ребра и по испробување на најразлични рецепти, го пронајдов овој кој комплетно го задоволува вкусот на моите домашни.
Подготовка
1. Сите состојки за маринадата ги промешуваме и со неа ги премачкуваме ребрата. Ги завиткуваме во алуминиумска фолија која претходно сме ја намрсиле т.е. попрскале со масло и ги оставаме неколку часа во ладилник. Може и од вечер да ги маринирате.
2. Рерната ја загреваме на околу 140 степени и така завиткани во фолија и ставени во тавче ги печеме околу 2,5 часа.
3. После ова време на печење ги вадиме од рерна, ја отвораме фолијата (внимателно за да не се изгорите) и ги премачкуваме со измешаните оригано, кечап и масло.
4. Продолжуваме со печење со отворена фолија додека да добијат убава црвенкаста боја и сјај, околу 10-15 минути, со тоа што ја зголемувате температурата на печење на 250 степени.
Забелешка
Ребрата засечете ги пред маринирање или пак тоа нека го направи месарот.
Наведеното време за печење нека ви биде репер, но сепак имајте во предвид дека зависи од количината на месо како и тоа дека секоја рерна различно пече.
Простете можеби фотографијата не го прикажува вистинскиот изглед и вкус на рецептов, ама ова се остатоците од овој прекрасен ручек...
Пријатна гозба!
Лиценца: Сите права се задржани
Клара пробај и вака , во мала количина се разбира, мислам дека ќе го предомислиме месарот:)
Весна кај мене нешто не го поднесуваат рузмаринот, многу им бил јак, ненавикнати највероватно...па така го избегнувам иако во мојот дел знам да си ставам...за да не ми го изедат:):)хахахаха