Намаз или мајонез од лук
За овој едноставен - наједноставен рецепт некако ми е тешко да ги напишам мерките затоа што не зависи само од мене, зависи и од самиот лук. Значи, за да го спремате овој намаз или мајонез зависи и од самиот лук, колку е тој сочен, односно успешно ќе се направи доколку е лукот сочен.
Значи вака
1. Исчистете го лукот, ставете го во блендер, додадете ја солта, малку оцет и почнете да блендирате. Додавајте зејтин и оцет наизменично (исто како кога правиме мајонез) се додека не ја добиеме саканата густина. Пробувајте на вкус за сол и оцет и ако е малку, додадете.
Зејтин се става повеќе, но работејки го овој намаз сами ќе го препознаете кога е готов.
2. Доколку сакате, можете да одвоите еден дел од овој намаз да остане бел, а во остатокот кој што е во блендерот додадете магданос. Продолжете да блендирате се додека се спои магданосот и добиете зелен намаз.
Откако е готово, извадете и соберете во теглички, во фрижидер стои повеќе време, но никогаш не одредив колку бидејки секогаш за кратко време ќе го однемаше.
Се служи како намаз на топол леб, како додаток за послужување на скара, а фантастичен и измислен за пржена и печена риба. За време на постите, една лажичка да додадете во посен грав ќе направи да имате навистна добар грав иако е посен.
Прв пат кога го правев, тоа беше најобично спремање со толчник и аван, прво заедно ќе толчев само лукот и солта, потоа додавав наизменично оцет и зејтин, а кога сметав дека е доволно за оцет, продолжам да толчам додавајки само зејтин се до саканата густина. За да си ја олеснам работата со пресата за лук ке го истискав лукот, понатаму продолжував со миксер да го работам додавајки сол, оцет и зејтин, а сега веке ептен лесно, во блендерот.
Ако ставете повеке зејтин, тој ке биде разреден и мрсен, значи мора да внимавате. Ако не е доволно сочен лукот, нема да успеете да го направите.
И овој рецепт за оние што сакаат лук, но и оние кои не го сакаат само еднаш да го пробат ценам дека ќе дадат подршка на овој рецепт-нерецепт, ја нема таа јачина мирис на лук, оцетот и зејтинот завршуваат голема работа овде.
Најчесто го мачкам на лепче и како дип за риба.
Денеас исчистив 4 големи глави лукк од есенскиот, знам дека околу 400 мл. зејтин ставив, за сол и оцет пробав, а наполнив 2 тегли од 235 мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Jas prvpat go vidov ova vo Mavrovi Anovi..... so tolcnik pravev, potoa si ja olesniv rabotata, a sto velis... za nervite e vistinski lek...
CecaLi, blagodaram na ispisanoto mislewe, gledas kolku brgu se maka od ova...i samo na lepce mi e ubavo, a da ne zboruvam pak so mevceto.... mm.m.m. - milina e,
ќе се проба ;)
И ние правиме нешто слично,само наместо оцет ставаме сок од лимон и лукот претходно го чуваме 2-3 дена во смрзнувач.
Поздрав
Svezhite nadzemni delovi se upotrebuvaat kako salat a samiot luk kako zachin i dodatok na jadenjata.
Poznat e od porano kako dragoceno i lekovito rastenie.
Persijancite go preporachuvale za podobra cirkulacija,
starite Egipchani go smetale za sveto rastenie,
Kinezite kako lek protiv iscrpenost, bolesti na organite za varenje i dishenje.
Vo 1833-ta godina utvrdeno e deka lukot lechi besnilo.
Vo sebe sodrzhi mineralni soli(kalcium, fosfor, zhelezo, alicin,azotni materii, fitoncidi,vitamini,
alin, eterichni ulja
добрата работа е што јачината на лукот сам по вкус си ја дозираш со додавање на масло :)
ако некој нема блендер, може само ситно ситно да го насецка лукот или да го згмечи низ онаква гмечалка за лук и после само вака да мати. инвентивноста на мојата мрзливост ме изненадува секој пат :) :) :) :)
еве го конечниот исход :)
Ali definitivno ubavo, vkusno i stiti od nastinki.
ednas go probav so jabolkov ama ne mi izleze, sega go pravam samo so alkoholen.
За жал не остана ништо за да го сликнам :)