Испечати

Намаз или мајонез од лук

Намаз или мајонез од лук

Состојки

  • 5-6 глави лук
  • 1 лажица сол
  • према потребата зејтин и оцет

Подготовка

За овој едноставен - наједноставен рецепт некако ми е тешко да ги напишам мерките затоа што не зависи само од мене, зависи и од самиот лук. Значи, за да го спремате овој намаз или мајонез зависи и од самиот лук, колку е тој сочен, односно успешно ќе се направи доколку е лукот сочен.

Значи вака
1. Исчистете го лукот, ставете го во блендер, додадете ја солта, малку оцет и почнете да блендирате. Додавајте зејтин и оцет наизменично (исто како кога правиме мајонез) се додека не ја добиеме саканата густина. Пробувајте на вкус за сол и оцет и ако е малку, додадете.
Зејтин се става повеќе, но работејки го овој намаз сами ќе го препознаете кога е готов.
2. Доколку сакате, можете да одвоите еден дел од овој намаз да остане бел, а во остатокот кој што е во блендерот додадете магданос. Продолжете да блендирате се додека се спои магданосот и добиете зелен намаз.
Откако е готово, извадете и соберете во теглички, во фрижидер стои повеќе време, но никогаш не одредив колку бидејки секогаш за кратко време ќе го однемаше.
Се служи како намаз на топол леб, како додаток за послужување на скара, а фантастичен и измислен за пржена и печена риба. За време на постите, една лажичка да додадете во посен грав ќе направи да имате навистна добар грав иако е посен.

Прв пат кога го правев, тоа беше најобично спремање со толчник и аван, прво заедно ќе толчев само лукот и солта, потоа додавав наизменично оцет и зејтин, а кога сметав дека е доволно за оцет, продолжам да толчам додавајки само зејтин се до саканата густина. За да си ја олеснам работата со пресата за лук ке го истискав лукот, понатаму продолжував со миксер да го работам додавајки сол, оцет и зејтин, а сега веке ептен лесно, во блендерот.

Ако ставете повеке зејтин, тој ке биде разреден и мрсен, значи мора да внимавате. Ако не е доволно сочен лукот, нема да успеете да го направите.
И овој рецепт за оние што сакаат лук, но и оние кои не го сакаат само еднаш да го пробат ценам дека ќе дадат подршка на овој рецепт-нерецепт, ја нема таа јачина мирис на лук, оцетот и зејтинот завршуваат голема работа овде.
Најчесто го мачкам на лепче и како дип за риба.
Денеас исчистив 4 големи глави лукк од есенскиот, знам дека околу 400 мл. зејтин ставив, за сол и оцет пробав, а наполнив 2 тегли од 235 мл.