11
јул
2014
Мини Лепчиња
Млекото водата и маргаринот се ставаат да се загреат. Во друг сад се крши јајцето се додава 100 гр од брашното, шеќерот и солта и се промешува. Загреаното млеко се додава во брашното и квасецот и се меша убаво полека се додава остатокот од брашното да се добие меко тесто, потоа се остава да надојде 40 минути. Јас во калап за мафини си правев класични топчиња, но и плетенки завиткани во круг и во калап за мафини искрено мене поинтересни ми беа плетенките. Жолчката и маслото се мешаат и се премачкуваат лепчињата, се посипува со сусам и се оставаат 15 до 20 минути да нараснат и потоа се печат во загреана рерна.
Пријатен апетит!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови