Испечати

Мини Лепчиња

Мини Лепчиња

Состојки

  • 1 јајце
  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 1 инстан сув квасец
  • 1 супена лажица маргарин
  • 700-800 гр брашно
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сол
  • за премачкување
  • 1 супена лажица масло
  • 1 жолчка
  • 30 гр сусам

Подготовка

Млекото водата и маргаринот се ставаат да се загреат. Во друг сад се крши јајцето се додава 100 гр од брашното, шеќерот и солта и се промешува. Загреаното млеко се додава во брашното и квасецот и се меша убаво полека се додава остатокот од брашното да се добие меко тесто, потоа се остава да надојде 40 минути. Јас во калап за мафини си правев класични топчиња,  но и плетенки завиткани во круг и во калап за мафини искрено мене поинтересни ми беа плетенките. Жолчката и маслото се мешаат и се премачкуваат лепчињата, се посипува со сусам и се оставаат 15 до 20 минути да нараснат и потоа се печат во загреана рерна.
Пријатен апетит!!!