Меки спирали
Се замесува средно-меко тесто со претходно зафатеноит и надојдениот квасец и се дели на три дела-топчиња.
Од секој дел отвораме кора-правоаголна и ја премачкуваме со третинка од половината маргарин ( диплиме и премачкуваме до мало правоаголниче). Постапката ја правиме и со другите две топчиња.
Потоа ги ставаме во замрзнувач околу 30 мин..
Од првото правоаголниче отвораме правоаголна кора и на неа нанесуваме од сирењето со белка или пица филот. И од вториот дел отвораме кора, ја ставаме врз првата, убаво ја притискаме и нанесуваме фил. И третиот дел го отвараме во кора и ја ставаме врз другите две убаво со притискање. Тука премачкуваме со разматените жолчки. Наросуваме со сусам, а можи и оригано и пипер буковска и сечиме ленти со широчина 1-1,5 цм., а должината на лентите можи да си ја одредите сами, кај мене беа по две ленти од целата должина.Секоја лента ја засучуваме спирално и ја ставаме во намрсен плех.
Оставаме да надојдат на топло место околу 20-30мин. и ставаме да се печат во загреана рерна и печиме на 200 степени.
По печење ги премачкуваме со малку вода ( четчето само макнато во вода) и ги покриваме со памучна крпа и најлон . (Крпата ја ставаме во некој правоаголен сад, ги редиме спиралите, ги покриваме и одозгора ги покриваме уште еднаш со најлонче.).Тоа е еден мал трик за да бидат уште помеки.
Многу се меки и убави за јадење...
И како ИДЕЈА ПЛУС- од формираната спирала направете круг, со што ќе добиете мини, лиснато, меко ѓеврече, можи полжавче или пак превиткајте ја на половина спиралата и усучете ја уште еднаш...
Лиценца: Сите права се задржани