Маргаринот се дели на 9 еднакви дела.
Од сите состојки се замесува тесто.Тестото се дели на 10 дела и од секој дел се сучи кора(постапката е иста како за зелник).
Првата кора се премачкува со 1/9 од маргатинот.Се распоредува спанаќот и се наросува со малку сол.Врз неа се става втората кора.
И оваа кора се премачкува со маргарин.Се распоредува ренданиот морков и повторно се наросува со сол. Постапката се повторува наизменично се до последната кора,која ќе остане непремачкана.
Се сучи правоаголна кора со дебелина од 5мм. до 1см.Кората се сечи на 10 до 12 ленти.Секоја лента се врти спирално и се реди во предходно намастен плех.
Се остава околу 30мин. да надојди.Се премачкува со јајце и сусам.Се пече половина час на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани