Спирали со белки
Во длабок сад се мешаат сите состојки
Брашното, млекото, маслото, квесецот, шеќерот и двете белки. Жолчките ги оставаме за премачкување. Месиме тесто и го оставаме да стаса. Кога е готово тестото, го делиме на мали топчиња и од нив правиме лентички кои ги мотаме на калапчињата во вид на спирала. Ги редиме на намрсен плех, ги премачкуваме со жолчката која ни преостана и наросуваме сусам. Оставаме да стасаат уште еднаш во тавчето. Кога се готови нараснати, ги ставаме да се печат се додека не заруменат.
Ги вадиме од рерна и после 5 минутки, ги извлекуваме од калапите. Остануваат празни во средишниот дел.
Во мојот случај , јас ги наполнив со виршли зашто тоа беше желба на моите деца. Но не мора да значи. Вкусот, фантазијата и желбата е ваша. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
1 маргарин со 200гр. прав шеќер ---- помешано со миксер
Сето заедно помешано и се полнат празните спирали.
.....Инаку тие 5 лаж. шеќер се ставаат рамно полно во лажицата и не е премногу благо тестото.