Спирали со белки
Состојки
- 1 кг брашно
- 100 гр сусам
- 1 квасец
- 12 лажици зејтин
- 5 лажици шеќер
- 2 јајца
- 1/2 млеко
Подготовка
Во длабок сад се мешаат сите состојки
Брашното, млекото, маслото, квесецот, шеќерот и двете белки. Жолчките ги оставаме за премачкување. Месиме тесто и го оставаме да стаса. Кога е готово тестото, го делиме на мали топчиња и од нив правиме лентички кои ги мотаме на калапчињата во вид на спирала. Ги редиме на намрсен плех, ги премачкуваме со жолчката која ни преостана и наросуваме сусам. Оставаме да стасаат уште еднаш во тавчето. Кога се готови нараснати, ги ставаме да се печат се додека не заруменат.
Ги вадиме од рерна и после 5 минутки, ги извлекуваме од калапите. Остануваат празни во средишниот дел.
Во мојот случај , јас ги наполнив со виршли зашто тоа беше желба на моите деца. Но не мора да значи. Вкусот, фантазијата и желбата е ваша. На здравје.