9
апр
2013
Мекици со кисело млеко и сода
Ова е рецепт различен од оние класичните мекици, но е доста вкусен, а и брз, бидејки нема чекање за тестото да стаса, а и воопшто не се мрсни.
Во длабок сад од сите состојки замесете средно меко тесто.
На набрашнета површна развлечете кора и со поголема чаша или калап вадете кругови од тестото.
Пржете во поголема количина масло.
Можат да се послужат со јогурт, сирење, павлака, мармалад, чоколаден прелив, мед....по желба.
Лиценца: Сите права се задржани