Јас овде нема да кажам многу нешто ново за медот бидејки неговата делотворност ја знаеме речиси сите, бидејки е темата за медот... сакам нешто да напишам од мојата домашна аптека.... не ми е се испробано, но повекето е така како што ке напишал сега, а не ме загрижува тоа што овде пишувам дали е делотворно или не... едноставно верувам на пријателките кои веке имаат секој посебно испробано, потврдено дека им помогнало... нека стојат тука овие мои предлози, можеби некому ке му се најде и ке посака да си направи природен лек или во најмала рака - природен помагач да полесно го совлада тоа што го здравствено мачи.. некој пат лекот е за ич пари. Се мислам дека не е на одмет да стои овде...
Природен лек за Анемија
- спремајте смеса од 500 гр. мед и 500 гр. мелени ореви, сок од еден поголем лимон, целото тоа со дрвена или пластична лажица измешајте и препораката е да се зема 3 пати на ден по 1 голема лашица. Вака спреманиот мед помагал при исцрпениот анемичен организам.
- Крвен притисок
- Измешајте 200 гр. мелени ореви и 200 гр, мед, - се зема секој ден во период од 45 дена по 1 лажица.

Кај настинатоста
- 1 лажици мед и 1/4 лажица мелен цимет, се зема 3 дена по 1 лажица на ден.
Ова го имам испробано и помага при кашлица и синусни болки.

За уморот
- 1/2 лаѓица мед и 1/2 лаѓица цимет растворени во 1 чаша вода да се зема секојдневно во попладневните часови (јас барем во тоа време можам да си одвојам време да го спремам) за една неделка ке осетите дека виталноста на организмот е подобрена.
За главоболка
- Знаеме дека е вкусна комбинацијата мед и орев, докажано веке дека помага при главоболката и несоницата - земајте по 1 лажица мед и 3-4 цели ореви секојдневно, или кога ке осетите дека ке ве заболи главата.
Чаеви
- Секојдневно да спремаме чај со мед.. 2 лажичи мед и 1 лажичка цимет растворени во 200 мл. топла вода (знаеме нели дека не се попарува мед и не се прегрева туку само затополува). ...пријателката ми кажа дека и помогнало кога вака спреман чајот пиејки го наутро и навечер, и помогнал при лечењето на Артритисот.
Има уште многу за пишување, но јас напишав тоа што е дел од мене спремано и пробано - дел од пријателките, односно за она за што имам и повратна информација дека е добро и делотворно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани