Кекс со јаболка, лимон, цимет
Лесна подготовка, впрочем како на секој кекс, а мошне убав вкус...
Се матат јајцата со шеќерот, ванилата, се додава маслото, брашното просеано и промешано со пецивото, содата, циметот...На крај се додаваат претходно изренданите јаболка полиени со лимоновиот сок. Се изедначува смесата и се излева во округло тепсивче бр.30, кое сме го намрсиле со масло и посипале со брашно.
Се печи во загреана рерна 35мин. на 180Ц.степени.
Лиценца: Сите права се задржани