Испечати

Кекс со јаболка, лимон, цимет

Кекс со јаболка, лимон, цимет

Состојки

  • 3-4 (зависно од големината) јајца
  • 1 ванила
  • 250гр. шеќер
  • 160мл. масло
  • 250гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 мало кафено лажиче сода бикарбона
  • 1 мало кафено лажиче цимет
  • 400гр.рендани јаболка
  • сок од 1/2 лимон

Подготовка

Лесна подготовка, впрочем како на секој кекс, а мошне убав вкус...

Се матат јајцата со шеќерот, ванилата, се додава маслото, брашното просеано и промешано со пецивото, содата, циметот...На крај се додаваат претходно изренданите јаболка полиени со лимоновиот сок. Се изедначува смесата и се излева во округло тепсивче бр.30, кое сме го намрсиле со масло и посипале со брашно.
Се печи во загреана рерна 35мин. на 180Ц.степени.