Медењаци со млеко и сода
1. Во еден поголем сад се мешаат сите состојки освен брашното и содата.
2. Се додава брашното, предходно измешано со содата. Се меси додека почне да се одделува од ѕидовите.
3. Се става на даска за месење посипана со брашно и лесно се промесува.
4. Се прават три топки, се замотуваат во најлон фолија и се ставаат во фрижидер да одстојат 1 час (најдобро е една ноќ).
5. Се сука кора на набрашнета површина, во дебелина од 1/2 см и се вадат модлички по желба.
6. Се редат во плех со пек папир и се печат 10 мин. на 180 ст. Ц. Кога ќе се испечат се чека малку да се оладат, па се вадат.
7. Изладените медењаци се шараат по желба со глазура од белка и прав шеќер.
Рецепт за зачин за медењаци
3 лажичиња цимет
3 лажичиња ѓумбир во прав
1/2 лажиче свежо сомелено морско оревче
1/2 лажиче мелено каранфилче
1/2 лажиче свежо сомелен црн бибер
1 лажиче семчиња од анис(јас немав, па не ставив и ништо не изгуби зачинот).
Се се меша и се става во тегличе, добро затворено.
Зачин за медењаци има готов, ама јас овде не можев да го најдам, па затоа ја направив оваа мешавина.
Глазура (Роајал ајсинг)
1 белка
250 гр шеќер во прав
малку лимунов сок или оцедт
Во стаклен или метален сад се мати белката и полека, лажица по лажица се додава шеќерот. На крај се додава лимоновиот сок и ако треба да се разреди се додава уште по малку од сокот.
Веке подолго време мојот мал уметник ме гњави да ги направиме овие колачиња и конечно дојдоа на дневен ред. Таа веќе купила калапчиња-човечиња и приготвувањето почна одвечер. Мое беше да го направам тестото, а вадењето формички и украсувањето на медењаците, остана за уметникот. Со какво воодушевување го работеше тоа, што почнав да чувствувам грижа на совест зошто порано не и ја исполнив желбата. Така, медењаците не само што се со извонреден вкус (баш како купечки, хахаха), туку и се вистински празник за очи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови