Оваа слатка медена куќичка е направена за украс на домашната трпеза, а воедно и за јадење.

Најпрво се топи медот на тивко(не смее да зоврие). Се додава маргаринот, јајцата постепено мешајки. Се додаваат изматените јајца, циметот, содата, шеќерот и брашното. Убаво се меси и тестото се остава во фрижидер во фолија да се одмори 24 часа.
Другиот ден се вади од фрижидер и се остава тестото на собна температура 2 часа и потоа се сука и се прават моделите од куќичката,колачињата....Се печата на 150 С -20мин. Кога ќе се испечат додека е топло тестото-фигурите се премачкува со изматено јајце.

Украс
2 белки се матат со вилушка и постепено се додава лимон и шеќер во прав да се добие густа смеса(како растопен еурокрем). Со оваа смеса се декорираат фигурите, а по можност се додаваат бои по ваш избор.Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани