Пред да почнам морам да кажам дека оваа торта едноставна по состојките, но во комбинација со медот го прави задоволството за подготвување, а уште повеќе за јадење. Тортата има несекојдневен мирис и вкус и се разликува единствено само во скромноста на состојките кои се користат во нејзиното подготвување. Има многу различни рецепти еве го мојот кој го подготвувам со години и немам причина да го сменам.

Подготовка
Јајцата ги матиме со медот и маста од мое предходно искуство не осетив никаква разлика доколку медот се загрева, значи јас медот не го загревам, додека маста предходно ја оставам на собна температура и убаво ја матам. Во оваа смеса ја додавам содата и полека го додавам брашното треба да се добие глатко тесто.
Тестото го делам топчиња зависи од калапот некогаш ми излегуваат 6 или 7 ги оформувам и ги печам секое тесто на превртено тавче околу 15 на180степени.

Подготовка на фил
Од млекото земаме околу 200 гр, а останатото го ставаме во тенџере и го загреваме. Во ладното млеко го додаваме густинот и 7 лажици шеќер мешаме убаво и оваа смеса полека ја сипуваме на млекото кое врие. Откога ќе добиеме густ фил го покриваме со најлон кеса и го оставаме да се олади. Путерот и шеќерот во прав пенесто ги матиме и ги додаваме на предходно изладениот фил. Лешниците ги потпекуваме, мелеме и ги додаваме во филот малку оставаме за одозгора. Тортата се филува и остава да одстои најмалку еден ден. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани