Медена пита со рогач, јаболка и лешници
Од наведените состојки замесете глатко тесто, при што млекото ќе го додавате на крај. Поделете го на 2 еднакви делови, малку развлечете ги спрема формата на садот во кој ќе печите и ставете ги во замрзнувач додека ги спремате филовите.
Фил1- Измашајте ги сувите состојки. Додадете ги медот и румот и на крај врелото млеко. Измешајте. Додадете ги жолчките и на крај белките кои предходно изматени во цврст снег.
Фил 2 - Излупете и изрендајте ги јаболката, а потоа измешајте ги во нив останатите состојки. Ако сметате дека јаболката се посочни, додадете уште малку мелени бисквити или гриз.
Намастете една тава со димензија 20х30. Извадете го тестото од замрзнувачот и едниот дел развлечете го во големина на тавата.
Првиот фил поделете го на 2 исти делови. Врз развлеченото тесто премачкајте го едниот дел, врз него целиот 2 фил, па останатиот фил бр1 и на крај прекријте со останатото тесто, кое исто така сте го развлекле во големина на тавата.
Избоцкајте ја питата одозгора на повеќе места со вилушка. Тоа можи да го направите и на првото тесто.
Печете во загреана рерна од 175С околу 45 мин.
Некаде на сред печење (откако убаво ќе накрени), со помош на четче, премачкајте ја питата одозгора со масло. Истото направете го и откако ќе ја извадите од рерна, па покријте ја со крпа и оставете ја да излади.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Најпрво на сите да ви се извинам, што се јавувам со закаснение, ама се надевам дека ќе ми оправдате... бурни денови со обавези ме имаа зафатено.
Сега за овдесните случувања :) Најпрво благодарност до тимот за изборот на РД и наградата. Ме радува што ви се допадна питава. Одамна ја меркав да ја направам, па конечно се поклопи и со темата, можеби и како поттик за конечно да ги употребам состојките одамна купени за неа (само јаболката неколку пати се обновуваа :)) )
Голема благодарност и до вас драги мои пријателки за вашите убави комантари. Многу ми е мило што ви се допадна питава. Си бара малку труд за да се спреми, но на крај е несекојдневна за јадење :)
И на крај, за рогачот...мислам дека во сите продавници и продавничиња сега можи да се најди и рефус и готови 100 грамски пакувања на рогач. На еден рецепт јас во фотографијата го вклопив името од опаковката. Еве, ако можи да послужи некому за препознавање, што полесно е само да се праша секако :)
http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%87-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%BD
купуваме од тие цалите рогачи, сосе семки, па семките ги насадив и за едно 10 години можеби ќе почнам да јадам домашно :) :) :) :)
јадењево, нормално за 5ка на раче ;)
Кога сме кај целите мешунки од рогач. само да си кажам и да се изрезилам. 2 пати по неколку си имам купено и секогаш ги заборавам, па се сушат и ги фрлам... уште немам пробано какви се за јадење :) Ај, 3та среќа. Овој пат купувам и на лице сместа јадам :)