Штрудла со јаболка и рогач
За една штрудла е потребно 4 кори, јас имав 16 кори и направив 4 штрудли.
Најпрвин спремете ја смесата за премачкување
- со миксер пенесто изработете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете го јогуртот, измешајте, додадете зејтинот, измешајте, а потоа измешајте ги измешаните брашно, густин, пецивото, измешајте целото тоа да добиете хомогена смеса. Оставете настрана додека изрендате јаболката.
Фил
- Во изренданите јаболка додадете го рогачот и сувото грозје, измешајте.
Филување
- Земајте една кора, премачкајте со смесата со јајца, врз неа ставете втората кора, повторно премачкајте - третата кора - премачкајте и на четвртата ставете од филот по целата кора - замотајте во ролат.
- Така постапете со сите кори.
Ставете во подмачкана со зејтин тавка, со млака вода лесно премачкајте ги веќе смотаните штрудли, ставете да се печат во предходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Оладени поросете ги со прав шеќер и ви останува само да уживате. Навистина вкусно.
Напомена
- Бидејки е реткост да се најде рогачево брашно, истото можете да го замените со мелен афион.
- Сувото грозје слободно можете да го изоствите.
- Јас ставав по 4 големи лажици од смесата за премачкување, од љубопитност како ќе биде ставав и на четвртата кора, па врз неа од филот. Супер.
Со ваква смеса за премачкување на корите можете да ги филувате и со друг фил, а еве овде ќе напишам уште еден предлог кој ние исто така го многу сакаме, но бидејки немав крем сирење ниту урда, не можев да направам како вообичаено.
Гги делам корите на еднакви делови, па две штрудли правам од филот со јаболката, а две со филот од крем сирењето кој се спрема вака - 500 гр. крем сирење се меша со рендана кора од лимон, се става 80 гр. суво грозје и 1 бурбон ванила и со вака измешаниот фил постапувам исто како погоре опишаното.
Лиценца: Сите права се задржани
Теофанија таа комбинација е предобра ... веќе имам правено со плус суво грозје, мора да пробаш :)