Медена пита со рогач, јаболка и лешници
Состојки
- За тесто---
- 300 гр остро брашно (можи и меко бело)
- 100 гр шеќер
- 1/2 пак. прашок за пециво
- 1 жолчка
- 60 гр маст (можи маргарин или путер)
- 3 лажици мед
- 45-50 мл млеко
- Фил 1 ---
- 100 гр пржени мелени лешници
- 100 гр мелен рогач
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр презла
- 100 гр шеќер
- 2 лажици рум
- 3 лажици мед
- 250 мл (+/-) врело млеко
- 2 жолчки
- 3 белки
- Фил 2 ---
- 4 јаболка со средна големина
- 50 гр шеќер
- 50 гр мелени бисквити
- 50 гр гриз
- малку цимет (по желба)
Подготовка
Од наведените состојки замесете глатко тесто, при што млекото ќе го додавате на крај. Поделете го на 2 еднакви делови, малку развлечете ги спрема формата на садот во кој ќе печите и ставете ги во замрзнувач додека ги спремате филовите.
Фил1- Измашајте ги сувите состојки. Додадете ги медот и румот и на крај врелото млеко. Измешајте. Додадете ги жолчките и на крај белките кои предходно изматени во цврст снег.
Фил 2 - Излупете и изрендајте ги јаболката, а потоа измешајте ги во нив останатите состојки. Ако сметате дека јаболката се посочни, додадете уште малку мелени бисквити или гриз.
Намастете една тава со димензија 20х30. Извадете го тестото од замрзнувачот и едниот дел развлечете го во големина на тавата.
Првиот фил поделете го на 2 исти делови. Врз развлеченото тесто премачкајте го едниот дел, врз него целиот 2 фил, па останатиот фил бр1 и на крај прекријте со останатото тесто, кое исто така сте го развлекле во големина на тавата.
Избоцкајте ја питата одозгора на повеќе места со вилушка. Тоа можи да го направите и на првото тесто.
Печете во загреана рерна од 175С околу 45 мин.
Некаде на сред печење (откако убаво ќе накрени), со помош на четче, премачкајте ја питата одозгора со масло. Истото направете го и откако ќе ја извадите од рерна, па покријте ја со крпа и оставете ја да излади.