За корите има рецепт како дома да си ги направите доколку не можете да ги најдете готовите кори.
1. Од млекото одвојте 200 мл. и во него разматете го пудингот, а во преостантите 800 мл. ставете го шеќерот и ванилата, сверете го пудингот на тивок оган за да не ви се згрутчи.
2. Тргнете пудингот и во топол додадете го маргаринот и измешајте да се стопи, поделете го на два еднакви дела.
3. Во едната половина веднаш ставете го белото чоколадо и мешајте додека не се стопи, додајте ги мелените ореви, лешници или бадеми.
4. Во другата половина додадете го црното чоколадо и мешајте додека не се стопи, па додадете ги мелените бискоти.
- Можете и обратно да работите - во белиот фил со белата чоколада да ги ставите оревите, а во кафениот фил бискотите - останува вие да изберете.
5. Земете ја првата кора и ставете на метална подлога или плех - да не се свива. рамно поставете ја. Премачкајте со 6 лажици од кафениот фил, ствете врз филот друга кора, внимателно со рацете измазнете ја, но не притискајте многу за да не ви истече филот. Премачкајте ја кората со 6 лажици од белиот фил, врз него ставете друга кора и повторно измазнете, се така додека не ги потрошите сите кори. Последната кора не се филува.
Веке готовиот колач мора со нешто да го пртиснете и оставете го преку ноќ нека се добро спојат сите кори.
Нека се стегне глазурата и сечете на парчиња во големина која ви одговара на вас.
Наредниот ден спремете ја глазурата ставајки над пареа да се стопи чоколадата со маргаринот и зејтинот. Излијте врз колачот.

Совет
- Мора да користите бела чоколада за готвење, инаку ќе ви биде многу течен белиот фил кој не смее да биде таков, а доколку ви се случи да и по оладувањето е редок- тогаш додадете уште малку мелени бискоти.
- За да имате поголем ефект во контрастот - можете во кафениот фил да додадете и малку какао или чоколада во прав, а за поефектен вкус - додадете и малку рум.
- Кога ги редам корите - лесно со сукалото поминувам преку нив, така се рамномерно спојат.
- Јас на крај одозгора ставам друг рамен плех, па во истиот ставам друга тежина и така го оставам да одстои преку ноќ. (наредам книги во плехот)
Од вака спреманиот колач излегуваат околу 90 парчиња ако ги сечете 4х2 см.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани