Празничен розен колач
Прво се вари темниот фил.
Во тенџере на оган се ставаат млекото, шеќерот, растворениот пудинг и се вари до згуснување.
Додека е топло се додава чоколадото и путерот. Се додавата лешниците и убаво се промешува.
За светлиот фил постапката е иста.
Во касерола се ставаат шеќерот, млекото и пудинзите и се вари до згуснување.
Над пареа се топи белото чоколадо заедно со млекото во прав и се додава кај сварениот крем.
На крај се додава лимон кремот.
Рецептот е објавен тука.
Одма со топлите филови се реди тортата.
Се става еден лист розен кора, црн фил, кора, жолт фил, лист розен, црн фил.....се додека не се истрошат состојките.
Се покрива со тежок предмет да одстои 2 часа.
Потоа се прелева со глазура и се сече на парчиња.
Со оваа торта на сите членки, посетители на оваа страна , тимот на МР им ги честитам Новогодишните празници.
Лиценца: Сите права се задржани
Srekna i beriketna Novata i na tebe! Za mn. godini praznicite! :-)