Една идеја која ќе ја искористите за да ги усреќите вашите девојченца.
Идеални за родендени, кога не можете да носите торта, па ќе ги почестите со колаче штикла.
Навидум едноставен рецепт, но со мала декорација се постигнува големо дело.
Рерната ја загреваме за да биде топла додека ги матиме мафините.
Чоколадата ја рендаме путерот, шеќерот ванилата и солта убаво ги миксираме. Додаваме јајце, ренданата чоколада, брашното, млекото и пецивото.
Ги полниме калапчињата за мафинки и оставаме да се пече.
Кога се готови ги вадиме од рерна да изладат.
На страна мешаме слатка павлака додека да добие потребна густина за декорација.
Ја разредуваме во повеќе чинивчиња за да измешаме повеќе бои.
Мафинките веќе се ладни па земаме една долгнавеста бисквита и ја ставаме во мафината, во средишниот дел и ја наведнуваме како за постољето на штиклата. Со парче слатка павлака ја лепиме штиклата т. е ролерот го зацврстуваме на дплгнавестата бисквита. Декорираме со слатката павлака, а украсуваме со декоративните украси.
Ова е основата, а декорацијата ја оставам на вашата фантазија.
Нас ни беше забавно да си играме фабрика за обувки.
Не е долг процес, не одзима многу пари, не одзима многу време.
Овде имате само забава и хармонија во домот.
Нас ни беше забавно и вкусно, пробајте и вие.

Забелешка
Наместете ги веднаш чевличките на дискот што ќе служите. Многу разместување, значи кршење на ролерите или штиклите.
Излегуваат околу 20 штикли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови